По скандалот за мито заменик-министерот за здравство, Асим Муса, си поднесе оставка. Тој не сакаше да одговори на новинарските прашања и си замина од прес – салата на Владата.

Муса рече дека е убеден во својата правда, кога ја извести јавноста дека се повлекува од функцијата.

-Со чест и посветеност сум ја вршел својата функција, мојот искрен обид да им помогнам се претвори во стапица. Ги информирам дека тие се странски државјани, треба да платат приватно и им кажувам колку треба да платат. Секој пациент и соработник знаел дека ова е стапица што сака да ми наштети. Нема да дозволам мојот интегритет да биде нарушен преку ваква стапица преку бомбастични и нереални наслови – рече Муса.