Најдобар леб од банана е оној кој се прави од исклучително зрели плодови на ова тропско овошје полно со природна сладост. Дополнителна сладост ќе постигнете ако во смесата додадете малку прелив од чоколадо или сечкано чоколадо и екстракт од ванила.

Ви пренесуваме рецепт за леб од банана без глутен во кој наместо обично брашно се користи безглутенско брашно, кое може да се купи во речиси секој супермаркет.

Состојки:
– 180 грама брашно без глутен
– 150 грама бел шеќер
– 125 грама путер
– 80 грама чоколаден прелив
– 3 зрели банани
– 2 јајца
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 1 лажичка сода бикарбона
– прстофат сол

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Подмачкајте тавче за леб и оставете го на страна. Во голем сад измешајте брашно без глутен, сода бикарбона и малку сол.

Во друг сад издробете ги со вилушка зрелите банани, измешајте ги со јајцата, екстрактот од ванила, растопениот путер и шеќерот.

На овие состојки додадете брашно без глутен и сè убаво измешајте. На крајот рачно измешајте го чоколадото.

Добиената смеса префрлете ја во калап за печење и ставете ја во загреана рерна 40 до 50 минути. Користете чепкалка за заби за да проверите дали лебот е целосно сварен пред да го извадите од рерната.