Иако велат, надлежните институции стојат зад фактот дека јадеме здрава храна бидејќи постојат лабаратории кои се трудат да работат по референтни методи,кај нас има многу производители на храна од мали и микро претпријатија до многу големи компании ,а оние кои треба да го контролираат нивното работење, не можат да земат проби и мостри од сите нив.
„Тоа е огромна работа и огромни трошоци се во суштина, затоа се земаат примероци 2 % најчесто на ниво на цела земја. Но не знам колку е тоа доволно да се докаже дека храната е сигурна или безбедна.
„Повеќето компании сакаат да нагласуваат дека имале локална традиционална храна, ама никој од компаниите не дава потврда дека постои таква храна ,само кажуваат без никаква научна поткрепа.
Како резултат меѓу другото и на нездравата храна, бројот на малигни заболувања на гастроинтестиналниот тракт кај нас е драстично зголемен“, рече Радован Касарда-генетичар.
„Имаме зголемување на бројот на пациетни со малигни болести особено на дебелото црево што е резултат на несоодветната исхрана. Е сега дали тука има улога генетската храна ,дали тука има улога начинот на кој што ние живееме“, изјави д-р. Џенгис Јашар- универзитетски професор.
Параметрите говорат дека во последниве 2 децении бројот на заболени од рак на дебело црево е тројно зголемен. Во период од 95-та до 2000-та година имало околу 100-тина пациенти со карционот на дебело црево,а лани тој број изнесувал околу 500 ново заболени.