Воздухот во Македонија и понатаму е загаден, а ова утро „рекордер” е Битола.
Но ситуацијата во моментов е иста, Битола останува лидер кај најзагадените градови.
Во моментов во Струмица загаденоста е 109 µg/m3.
Инаку, вчера беше најзагадено во Куманово каде беа измерени 640 µg/m3, со што вчера градот беше опасен по живот, а Владата одржа итна седница.
Претходно, скопскиот градоначалник Петре Шилегов, околу загадувањето кажа дека Скопје веќе не било загадено како порано и дека нема потреба од активација на мерките.
– Годинава немаме вредности над 100 мг на метар кубен, за среќа, компарирано со минатите пет години. Годинава за наша среќа имаме најдобри резултати, во смисла на најмал број на загадени денови. Загадувањето е феномен или проблем што нема да ни исчезне преку ноќ, меѓутоа ќе се манифестира во намален број загадени денови. Тоа е нешто што и минатата и во текот на оваа година го имаме. Тоа не значи дека не постои, да се разбереме, но тоа значи дека вредностите паѓаат. Јас можам да ви ги дадам да ги компарирате резултатите за месеците ноември и декември до денешниот ден за последните пет години за да може да ги видиме и бројот на загадени денови што ги имало и кои што ги имаме во текот на оваа година. Тоа не значи дека сме излезени од проблемот, меѓутоа значи дека со овие мерки една по една, чекор по чекор, сакате чистење оџаци, сакате инвертори, сакате пелети, допрва ќе ни доаѓаат автобусите, полека ќе дојдеме до саканата цел, а тоа е во Скопје да имаме што е можно почист амбиентален воздух, рече Шилегов вчера.