Близу 5 милиони заболени од коронавирус во светот, САД први на црната листа по бројот на заболени и починати

Од коронавирус во светот заразени се вкупно 4.805.210 лица, а починале 316.732. Според последните податоци за оздравени се водат 1.860.051 лице. По бројот на заразени и починати лица први на…

Од коронавирус во светот заразени се вкупно 4.805.210 лица, а починале 316.732. Според последните податоци за оздравени се водат 1.860.051 лице.

По бројот на заразени и починати лица први на црната табела се САД, каде заболени се 1.527.664 лица, а починале 90.978 луѓе.

Русија по бројот на заболени е на второ место каде се регистрирани 281.752 заболени, а 2.631 смртен случај. Шпанија брои 277.719 заболени и 27.650 починати, а Велика Британија 243.695 позитивни и 34.636 смртни случаи од коронавирус.

Бразил со 241.080 случаи на коронавирус е на петто место во светот каде починати од Ковид-19 се регистрирани 16.122 жртви.

Над 200.000 заболени од коронавирус има во Италија, додека починати се 31.908 лица.


Related Articles