Психијатриската болница во Демир хисар остана без хигиеничари и болничари. Од денеска тие штрајкуваат бидејќи им беше ветено дека до Нова годин ќе се реши нивниот статус, но ништо. Токму затоа денес тие прекинаа со работа.
-Ни ветија, а не релеазираат ништо, реагираат вработените кои излегоа да протестираат.
Надлежните и министерството без одговор.
Не само што не се решава статусот на вработените по договор, туку не се води грижа ниту за персоналот како болничари и слично. Неодамна на болничарите им беше забрането да дежураат. Откако се пожалија кај надлежните во министерството, тие добија одговор.
Од министерството за здравство ги информираа дека тие не се дел од медицинскиот персонал.
-Ние сме во најнеповолна положба. Ем велат не сме медицински персонал, ем на дел од нас не ни го решаваат статусот, реагираат болничарите.