Овој пијалак за многу кратко време стана вирален, бидејќи голем број жени потврдија дека по редовното консумирање забележале дека кожата им е поубава и дека воедно и побрзо ослабнале. Сигурни сме дека знаете дека она што го внесувате во своето тело е многу важно за убав и свеж тен и спречување на брчки. Затоа и не е чудно што еден пијалак стана вирален речиси преку ноќ, а многу жени потврдија дека забележуваат воочлива разлика кога се во прашање и лицето и телото.

Состојки:
– 2 излупени портокали
– 4 до 6 моркови
– 3 см исечен ѓумбир
– 1/3 чаша вода

Подготовка:
Сите состојки ставете ги во соковник, а потоа процедете. Ако немате ладна преса, добиената смеса можете да ја процедите преку газа или чиста памучна крпа. Се консумира еднаш дневно и идеално е пред спиење, за здравите состојки да ја направат својата „магија“. Ако комбинацијата на состојките е силна за вас, најдобро е да започнете трипати неделно, па постепено да зголемувате и за еден месец ќе забележите промена на изгледот на кожата и телото, пишува „Крстарица“.