Британскиот сој на коронавирусот се шири во Прилеп, Охрид и Кавадарци

Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека е забележано зголемување на бројот на пациенти кај кои се детектира британскиот сој на коронавирусот. Во Прилеп и во Охрид има лесно…

Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека е забележано зголемување на бројот на пациенти кај кои се детектира британскиот сој на коронавирусот. Во Прилеп и во Охрид има лесно зголемување на бројот на случаи на кои што им е потребна хоспитализација, а нешто повеќе и позначајно е во болницата во Кавадарци, рече Филипче.

-По анализирањето на резултатите по секвенционирањето на геномите на вирусите кај пациентите кои се дијагностицирани, евидентно е зголемувањето на процентот на пациенти кај кои се детектира британскиот сој и тоа од 20 до 50% од вкупниот број на дијагностицирани. Причина се одредени настани и прослави, истакна Филипче, додавајќи дека заразените се од различна возраст, а не само млади лица.

Иако состојбата е стабилна, британскиот сој побрзо се шири и мора да превенираме евентуален нов бран со строго почитување на препораките. Министерството будно ја следи состојбата и доколку е потребно соодветно ќе реагираме. Мора да останеме внимателни и да ги почитуваме мерките, посочи Филипче.


Related Articles