Бројот на лица во самоизолација во последниве 24 часа достигна 9.964, а во државен карантин ставени се 31 лице, дознава Алсат.
Според информациите со кои располагаме, за време на синоќешниот полициски час регистрирани се 6 случаи на прекршување на мерката од страна на лица до 18 години, 6 од страна на лица постари од 67 години и 65 прекршувања од останати категории на граѓани.