Топчињата од путер од кикирики и чоколадо ќе ги направите за еден час, а најкомплицираниот дел од рецептот е оној во кој чекате да се изладат… цела ноќ. За овие сочни топчиња потребни ви се само седум состојки, еден сад во кој ќе ги измешате и малку волја за обликување. Имаат одличен вкус и се забавни за подготовка. И тие не мора да бидат само десерт, туку и вкусен појадок.
Состојки:
160 мл несолен кремаст путер од кикирики
120 мл јаворов сируп
2 лажици кокосово масло
1 лажичка екстракт од ванила
1/2 лажичка сол
225 г овесна каша
100 г чоколадни капки или чоколадо исечкано на парчиња
Подготовка:
Обложете ја тавата за печење со хартија за печење и оставете ја на страна. Во сад измешајте ги путерот од кикирики, јаворов сируп, кокосовото масло, ванилата и солта. Додадете овесна каша и чоколадни капки и измешајте. Малку по малку со лажица вадете ја смесата, обликувајте топчиња и ставете ги во подготвениот плех. По желба можете да ги израмните топчињата за да добиете колачи во облик на кекс/бисквити. Оставете преку ноќ во фрижидер да се стегнат колачињата.