Статистиката покажува дека сѐ повеќе луѓе се одлучуваат за диета по летото, веројатно незадоволни од својот изглед на плажа, како и од желбата да не се повтори следната година. Зачините можат да ви помогнат и да ослабете, вели нутриционистката Ивана Мишиќ.

– Циметот го регулира нивото на шеќер во крвта, ја зголемува чувствителноста на инсулин, што помага да се зголеми центарот за ситост во вашиот мозок и го намалува нивото на холестерол. Не влијае директно на слабеењето, но доколку се консумира пред оброк, влијае на намалување на апетитот и ја намалува желбата за слатки. Овошната ужина збогатете ја со половина лажичка цимет или додајте ја во јогурт или шејк – советува Ивана Мишиќ.

Биберот влијае и на чувството на ситост со тоа што ги нарушува сигналите дека сме гладни…

– Црвениот бибер, доколку се консумира наутро, го намалува внесот на храна подоцна во текот на денот. Се смета дека ова се должи на состојката капсаицин, која е катализатор за намалување на вкупниот внес на калории и забрзување на метаболизмот. Капсаицинот делува така што ги уништува, или барем ги затапува пораките кои сигнализираат дека сте гладни. Затоа, додадете малку црвен пипер во вашиот омлет од белка – предлага нутриционистот.