Кога матичниот лекар ќе ви даде упат за крвна слика значи дека нешто не е сосема во ред со вашето здравје. Анализата на крвната слика во биохемиските лаборатории може да ви даде важни информации за вашето здравје, но претставува и основа на која лекарите препишуваат терапија на пациентите.

За да го заштитите вашиот организам од можните отстапки во вредностите на крвните анализи, експертите препорачуваат консумирање на следниве неколку намирници:

Сусам: Иако звучи неверојатно на прв поглед, влијанието кое може една лажица сусам да го има врз човечкиот организам е од огромна важност за виталните животни функции. Најпрвин сусамот се употребувал во Азија и Африка, но потоа со молскавична брзина се пренел и на другите континенти, па така и во нашата земја. Покрај витамините А, Б и Е, сусамот содржи железо, магнезиум, цинк и калциум. Неговото консумирање го намалува ризикот од болести на срцето, отстапувањата на крвниот притисок и застојот во крвотокот. Сепак, типот на исхрана зависи и од крвната група, па така на луѓето со крвна група А, поради помалата способност за разложување на железото, посебно им се препорачува консумирање на сусам.

Цвекло: Ниската калорична вредност, регулацијата на температурата, притисокот и шеќерот во крвта, подмладувањето на организмот, како и зајакнување и прочистување на крвта, се особини кои со право го оправдуваат орденот кој го има оваа намирница, а тоа е „витаминска бомба“. Без разлика дали се користи како додаток во исхраната, салата, сок или во некоја друга комбинација со зеленчук и овошје, ефектите на цвеклото се неспоредливо големи. Доколку на крвните анализи се утврди зголемено ниво на холестерол, прво што препорачуваат лекарите е консумирање на цвекло. Редовен внес на цвекло се препорачува и кај луѓе кои се слабокрвни, но и кај деца бидејќи го одржува крвотокот здрав и чист.

Аронија: Збогатена со јод, железо, фосфор, калциум и голем број други витамини, минерали и антиоксиданти, аронијата е вистински чувар на крвта, телото и надворешниот изглед. Нејзината употреба датира од 19 век, а со внесување на само 50г аронија дневно, се задоволуваат дури 50% од потребнииот внес на железо. Свежа или сушена аронија, сок, сируп, чај или џем или било која друга форма на аронија помага во прочистувањето на затнатите крвни садови, го забрзува метаболизмот, го подмладува и штити нервниот систем, спречува создавање на бактерии, ја обновува крвта и ги штити крвните зрнца, но и го зајакнува целокупниот имунитет.

Освен овие намирници, употребата на останатите здрави житарици, овошја и зеленчук, ја подобруваат крвната слика во голема мера. За да важи изреката „Во здраво тело, здрав дух“, прилагодената исхрана и физчката активност се вистинскиот рецепт за успех и се разбира одлична крвна слика.