Искористете ја силата која се крие во јаготките и исчистете го организмот од штетни материи преку викендот. Ипсратете го телото на рехабилитација и еден ден јадете само јагоди. Богати се со витамин Ц, калиум, калциум, фосфор и железо, содржат малку калории, а добри се за имунитетот, бубрезите, нервите и виткост.

Јагодите може да ги комбинирате со јаглехидрати, протеини и чаеви и салати.

1. Еднодневен пост – За детоксикација во текот на денот, изедете 7 рамномерни порции, или вкупно 1,5kg јагоди. Важно е да се пие и многу вода, или чај без шеќер, но не истовремено со јагодите.

2. Еднодневна диета – По обилните ручеци и вечери, овозможете му на организмот еднодневна диета. За појадок јадете мусли од 40gr зобена каша, 250gr јагоди, порција јогурт и лажичка мед. За ручек уживајте во 250gr јагоди, додека за вечера јагодите (250gr) послужете ги со сирење. Помеѓу оброците пијте минерална вода и чаеви (минимум 1,5 литри).

3. Викенд диета – Појадокот и ручекот нека бидат исти како кај еднодневната диета. Првиот ден заедно со ручекот подгответе две палачинки од интергрално брашно, 150ml млеко и 1 јајце. За вечера направете зелена салата, 200gr јагоди и 65gr моцарела, а наместо леб можете да јадете 2 интергрални парчиња двопек.

Вториот ден за ручек почесетете се со 200gr интергрални тестенини, 200gr јагоди и 2 лажички маслиново масло со босилек и малку пармезан (исецкајте ги јагодите на парченца и тивко испржете ги на маслото). За вечера повторно подгответе салата, овојпат од рукола, 150gr јагоди и 80gr бело пилешко место.