Состојки:
350 гр чоколадо за готвење
3 добро испасирани банани
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Чоколадото растопете го на пареа.
Потоа додадете и испасирани банани и месете со блендер.
Кога смесата ќе се соедини, префрлете ја во плех обложен со хартија за печење.
Печете 35 до 40 минути, односно додека рабовите на колачите не почнат да се одвојуваат од ѕидовите на тавата.
Оставете го колачот околу половина час да се стегне.
Добар апетит!