Д-р Маја Цветановска-Трајкоска е новиот в.д. директор на ЈЗУ „Општа Болница“ – Кичево. Д-р Цветановска-Трајкоска е родена во Кичево, 25 август 1986 година, завршила Медицински факултет на „УКИМ“ во 2011 год, како еден од најдобрите студенти истакнат во генерацијата со просек 9,3. Специјализација по гинекологија и акушерство завршува во 2019 год на Клиниката за гинекологија и акушерство, потоа се враќа во Кичево каде практично искуството го надоградува од 2012-та година.
Во текот на образованието и работата учествува на повеќе семинари, симпозиуми и стручни усовршувања.
Во своето работно искуство, Д-р Маја Цветановска-Трајкоска е докажана како врвен професионалец, почитувана од пациентите и колегите, со врвни организациски способности. Таа доаѓа на директорското место каде претходно раководеше Д-р Станко Трпески.
Ја користиме оваа прилика и упатуваме срдечни честитки, посакуваме успешна работа, и секако подигнување на медицинскиот стандарт, посветеност кон квалитетна здравствена нега и задоволството на пациенти кои впрочем се најбитни. Зголемена соработка и транспарентност со медиумите и односите со јавноста.