Во своето вечерашно гостување на една од нашите тв куќи, доктор Никола Пановски посочи дека апсурдно е барањето за вакцинација од граѓаните кои прележале ковид последните 45 дена. Тој истакна дека е штетно за здравјето на пациентите кои прележале ковид-19 да се вакцинираат првите 6 месеци.

– Вакцинацијата на лица кои прележале Ковид-19 е залудна и само се трошат вакцини, наместо да се вакцинираат лицата кои не биле заразени и кои имаат потреба, изјави Пановски.

Актуелните мерки остануваат на сила и покрај средбата на Комисијата за заразни болести со претставниците на угостителските објекти. Исто така, доктор Никола Пановски го дели мислењето со угостителите за актуелните мерки на Владата.