За краток период може да очекувате брзата помош да стане јавно приватно партнерство – физибилити студијата на здравствените власти покажа неколку опции со кои може да се подобри работата на оваа служба, но пред да одлучи дали приватна фирма заедно со државата ќе раководи со брзата помош, министерот Филипче вели дека прво ќе се дебатира со експерти.
Бидејќи нема најава за јавна дебата, дали дебата ќе биде на скришно и дома кај министерот или ќе има и друг начин на релизација на оваа постапка?
– „Од економски гледан аспект мислам дека може да постои логика, со оглед на тоа што дефинитивно ќе се реши проблемот и со вработените во оваа служба, во смисла на доктори, медицински сестри, парамедици кои што би ги вовеле согласно европските стандарди, меѓутоа сакаме да видиме во исто време дали и ние ќе можеме да го надградиме капацитетот до тој степен да обезбедиме еден континиум во бројот на вработени, кој што е најголемиот проблем“. – Венко Филипче – Министер за здравство.
И додека се чека на јавна дебата за брзата помош, министерството за здравство веќе склучи договор за јавно приватно партнерство во областа на стерилизацијата. Приватна фирма со сомнителен кредибилитет, правно гонета во Албанија ќе ги стерилизира државните болници.
И покрај тоа што стручната фела се противеше на оваа одлука, а од Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација предупредуваа дека има многу недоречености во тендерската спецификација, министерот Филипче убедува дека на овој начин ќе се намалат трошоците за државата, како и појавата на болнички инфекции…
Дали ќе се зголеми салдото на министерот со оваа постапка поради што волку се инсистира и имплементира истата? – коментираат граѓаните
– „Сметаме дека со набавка од едно место со централен увид сериозно ќе го зајакнеме капацитетот, дека сериозно ќе го подобриме квалитетот на услугата, во смисла на намалување на болничките инфекции, а сето тоа ќе биде бенефит за пациентите“. – Венко Филипче – Министер за здравство.
Дали тоа е вистината или се кријат други причини и мотиви поради кои се имплементира и за релативно краток период се реализиара истата идеја?