Дел од персоналот на Општина Велес и градската библиотека е во самоизолација, причина е близок заразен со Ковид-19

Близок роднина, поточно сопруг и татко на еден вработен во Општина Велес и неговата мајка вработена во Градската библиотека „Гоце Делчев“ е заразен со Ковид-19. Синот и мајката немаат симптоми…

Близок роднина, поточно сопруг и татко на еден вработен во Општина Велес и неговата мајка вработена во Градската библиотека „Гоце Делчев“ е заразен со Ковид-19. Синот и мајката немаат симптоми на вирусот, но по одлука на градоначалникот на Велес тие се ставени во изолација од минатата недела. Заедно со нив поради претпазливост и тројца административни службеници на локалната самоуправа, но и сите вработени во градската библиотека се ставени во самоизолација.

Колегите на вработениот во општината одбиле да бидат во самоизолација, но ја почитуваат одлуката на градоначалникот Аце Коцевски за да не се појави нов кластер во градот.  Превентивно, зградата на општината е дезинфицирана во четвртокот на 17-ти септември, иако според епидемиолошката анкета и ставот на лекарите од Центар за јавно здравје Велес како и дадените изјави на инфицираното лице не треба да се преземаат дополнителни мерки за заштита на администрацијата.

„Прво на вработениот службеник и на неговата мајка сакам да им посакам лесно да ја пребродат оваа криза и на крајот сите да излезат како победници живи и здрави. Но како поука за сите останати вработени ќе размислам какви мерки треба да се превземат затоа што сметам дека сите вработени во јавните установи, особено во општината, треба да имаат многу повисоко ниво на здравствена култура од нивото кое го покажа вработениот во општината и вработената во библиотеката. Мојот став е дека веднаш штом дознале дека нивниот сопруг и татко има симптоми на Ковид-19 и му е земен брис најмалку што требало да направи е да ме извести мене, претпоставениот во библиотеката или кој и да е од раководителите во општината и да остане дома за да не претставува опасност за останатите додека да стигнат резултатите. Но според епидемиолозите за да се пренесе инфекција е потребно да се има подолг контакт од 15 минути на блиско растојание без носење на заштитна маска“, рече градоначалникот Коцевски.

Додаде дека првично имало паника меѓу општинската администрација и барање за целосно тестирање. Тоа не се реализирало затоа што епидемиолозите соопштиле дека нема да има ефект поради инкубацијата што трае помеѓу 7 до 10 денови како и анализата на Центарот за јавно здравје Велес која покажува дека 80 отсто од заразените велешани се без симптоми на коронавирусот, што значи дека се носители на вирусот.


Related Articles