Фондот за здравство и матичните лекари се договорија, откако изминатите месеци затворање им се закануваше на 48 ординации, меѓу кои во Блатец, Виница и во Радовиш. Во малите места тешко се наоѓа медицинска сестра, целта е да се спасат ординациите, жителите да не останат без здравствена заштита.

Руралните амбуланти кои останале без медицинска сестра ќе продолжат да работат – ординациите нема да бидат затворени во следните две години. Фондот за здравство и матичните лекари се договорија, откако изминатите месеци затворање им се закануваше на 48 ординации, меѓу кои во Блатец, Виница и во Радовиш. Во малите места тешко се наоѓа медицинска сестра, целта е да се спасат ординациите, жителите да не останат без здравствена заштита.

„Со масовното иселување на кадарот, народот наместо да биде медицинска сестра сакаат со друго да се занимаваат што е подоходовно во тие мали места тешко е да се најде медицинска сестра и е незамисливо да затворите ординација и докторот да остане на улица ако нема медицинска сестра“, изјави д-р Лилија Чолакова-Ервишова, Здружение на приватни лекари.

Матичните лекари бараат зголемување на капитацискиот бод, од 75 на 100 денари. Велат само така нема да се одлева кадарот, ќе им се исплатат на вработените и подобри плати. Но дали ова барање ќе се реализира ќе се знае по трети декември, откако ќе биде познато, колкав е буџетот на фондот за здравство.

„Матичните доктори, стоматолозите, гинеколозите имаат партнер во Фондот за здравство ќе направиме сè што е во нашите можности да излеземе во пресрет, но мора да го видиме и ефектот на укинување на дестимулативните мерки, кои во фондот би биле околу 300 милиони денари годишно“, Сашо Клековски – директор на ФЗОМ.

Од Фондот за здравство најавуваат дека од јуни следната година во аптека ќе се оди со електронски рецепт, хартиените целосно ќе бидат исфрлени од употреба.