Македонските граѓани кои поради коронавирусот беа затекнати и заглавени во Словенија, утрово го продолжија патот за нашата држава.

Како што јавува дописникот на МИА од Љубљана, се работи за вкупно 42 лица, а најголем дел од нив доаѓаат од Италија и Германија.

Се очекува во текот на денот да пристигнат во Македонија, по што ќе треба да бидат сместени во државен карантин.