Последното лице кое што се тестираше, нема коронавирус, соопшти министерството за здравство. Претходно министерот Филипче истакна дека уште едно лице се тестира за присуство на коронавирус, откако резултатите за првите две тестирани утринава, се покажаа негативни.

„Министерството за здравство информира дека резултатите на лицето пристигнато од Италија, кое се тестираше во изминативе неколку часа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се негативни на корона вирус. Ова е последното лице за кое се чекаа резултатите и во овој момент нема други лица кои се тестираат на корона вирус“, велат од министерството.