Од следната недела почнува уписот на првачиња во основните училишта. Меѓу потребните документи кои треба да ги достават родителите до училиштето се извод на матична книга, лекарска потврда од стоматолог и потврда од матичен лекар во која се заведени сите примени вакцини. Министерката за образование и наука вели дека иако е потребно родителите да достават лекарска потврда за примени вакцини на дечињата, тоа нема да биде обврска да ги запишат на училиште, доколку не ги примиле сите вакцини и дека правото на образование е уставно загарантирано.

  • Картоните за имунизација треба да се достават но нема обврска ниту забрана децата да бидат запишани на училиште доколку не ги примиле сите вакцини. Сите деца ќе бидат опфатени во образовниот систем правото на образование е уставно загарантирано право кое го имаат сите деца Ние како министерство ја поддржуваме владата во делот на зголемување на опфатот на имунизација и она што значи разговарано е со министерството за здравство. Генерално на ниво на Влада дека првенствено треба да се да се зголемува довербата на родителите во квалитетот на вакцините и потоа да се работи на подигнување на свеста на родителите за знаењето на имунизацијата и тоа не треба да биде на штета на образовниот процес, рече Дескоска.

Прашањето дали родителите ќе можат да ги запишат своите дечиња во прво одделение се актуализираше по првичниот став на министерот за здравство Венко Филипче дека ќе бараат усогласување на законите, за вакцината да биде услов за упис во училиштата и градинките. Потоа следеше изјавата на неговиот заменик доктор Чакаровски , кој рече дека индивидуално право на секој родител е да одлучи дали ќе го вакцинира своето дете или не. Меѓутоа како министерство за здравство мора рече да водат сметка за колективната безбедност.

Од државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека за 2017 година поднесени се 15 пријави до родители чии деца не ја примиле ХПВ и 102 пријави за други вакцини, а за првиот квартал за 2018 година поднеле 30 пријави за останатите вакцини и 5 за ХПВ.