Во поликлиника Чаир, според неофицијални информации, двајца здравствени работници позитивни на Ковид-19 оделе на работа. Станува збор за докторка и медицинска сестра, кои како што посочуваат вработените во поликлиниката цело време оделе на работа и криеле дека се позитивни на вирусот.
Заразената докторка сега е хоспитализирана на ГОБ 8-ми Септември, а сестрата пред два дена ги добила резултатите од тестирањето. Вработените се загрижени и во неверување на неодговорното однесување на нивните колеги кои многу добро се запознаени со вонредната состојба во земјава. Пациентите со кои стапиле во контакт овие две медицински лица се во паника.
Од Здружението на матични лекари потврдуваат дека една докторка е позитивна на коронавирусот од пред една недела. Од таму додаваат дека уште неколку вработени во истата поликлиника се ставени во домашна изолација, бидејќи пред една недела биле на состанок со заболената докторка. За сестрата велат дека немаат информации.