Мерните станици на аерозагадувањето утринава по подолго време покажуваат добри резултати.
Според истите, воздухот утринава не е загаден ниту во Куманово, ни Тетово, ниту Скопје. Но, мерните станици ова утро во Струмица покажуваат големо загадување.
Границата е надмината само на мерната станица во Струмица, каде присуството на ПМ10 честички е 133 µg/m3, во Кочани е 16 µg/m3, а во Куманово е 14 µg/m3, додека кај Ректорат е 9 µg/m3.