Пулмологот Дејан Докиќ во интервју за една од нашите тв куќи посочи дека главен ризик фактор за смртноста кај помладите пациенти е зголемената телесна тежина. Според него, смртноста кај било кој од пациентите, зависи од нивниот имунолошки одговор и нивниот имунолошки систем.
-Од 24-ти октомври до 24-ти април, 80 проценти од вкупното население, од сите позитивни случаи, се токму во овој период, што говори за силината и јачината на вториот бран. 70 проценти од сите смртни случаи од корона, од 24-ти април, исто така се должат на вториот бран, вели Докиќ, додавајќи дека со британскиот сој, шансите за заразување биле од 40 до 70 проценти поголеми.
Доктор Докиќ во интервјуто истакна дека секој од нас има различен имунолошки систем, не е тоа нешто што можете рутински да го испитате, со земање на крв и дали вие сте отпорни кон некои вируси или бактерии. Kај младите што починаа, гојазноста или обезноста, беше една од факторите кои што укажаа дека е ризик фактор, изјави Докиќ.