Претседателот на Комисјата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов, денеска преку социјалните медиуми и упати “честитка“ на претседателката на Лекарската комора на Македонија за начинот на кој ја практикува демократијата во организирањето на избори за претседател на Комората.
Во продолжение ви го пренесуваме неговиот пост во целост:
– Калина Од Белорусија организира “слободни избори” за да биде Претседател на Лекарската Комора.
Вакви избори организираат само во Белорусија и во Северна Кореа без набљудувачи при броење.
Честито на демократијата на Калина Белорусова!, пишува доктор Игор Николов, претседател на комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.