Во текот на изминатото деноноќие, министерството за здравство регистрираше 8 деца позитивни на Ковид-19 кои се хоспитализирани во детската болница Козле. Две од нив се на кислородна поддршка. Најзастрашувачка е информацијата дека пред три дена е хоспитализирано новороденче, а најголемото дете заразено со Ковид-19 има 15 години. Новороденче е на возраст од два месеци.
Министерството за здравство посочува дека состојбата на заразените деца со корона вирус е стабилна и се третираат со потребната терапија.
Инаку Болницата за белодробни заболувања „Козле“ важи за Ковид центар во кој се хоспитализираат деца и возрасни заболени од коронавирусот. Оттаму ја информираат јавноста дека секое дете со фебрилност и респираторна симптоматологија која трае подолго од 48 часа, треба да се јави на преглед првин кај матичниот педијатар за да процедурата биде спроведена според епидемиолошките препораки кои вклучуваат епидемиолошка анкета.