Како што и самото име сугерира, клучната состојка на овој диетален режим на исхрана е грејпфрутот.
Зошто оваа намирница е добра за слабеење?
Освен што содржи многу малку калории (во 100 г вкупно 32 калории), изобилува со витамин Ц, прости јаглехидрати и многу влакна, кои се важни за забрзување на метаболизмот, се содржи масти и холестерол.
Овој режим на исхрана е одличен после празниците кога сме си дозволиле да се почастиме со по некое парче торта повеќе. Овој начин на исхрана ќе ви ја исфрли насобраната вода во организмот и ќе направи детоксикација на организмот.
Правила на диетата:
Оваа диета се базира на намалено внесување јаглехидрати. Слатките се забранети, додека внесувањето масти е дозволено, како и неограничено внесување протеини.
Како влијае ваквото мени врз процесот на слабеење?
Ако ја намалиме количината на внесени јаглехидрати, кои нашето тело обично ги претвора во енергија, тогаш тоа почнува да бара алтернативно „гориво“. Така доаѓа до согорување протеини и масти, а со самото тоа и симнување килограми.
Појадокот секој ден е ист: грејпфрут или 250 мл цеден сок од грејпфрут, кафе или чај, 2 јајца (пржени, варени…) или 2 парчиња сланина