Владата на вчерашната седница го именувала д-р Ристо Симеонов за национален координатор за здравство.

Тој е еден од врвните детски хирурзи во земјата.

Се работи за детски хирург и доктор кој ја изврши првата трансплатација на бубрег кај дете во Македонија во 2009 година.

Има меѓународно искуство и наобразба од медицината во Турција, Израел и други држави од светот.