Само уште една од низата мерки кои ги превзема моменталната власт пробувајќи да остане и да се одржи на власт. Се започнува со низа на старо нови ветувања и истурање ситни трошки во и така не функционалниот здравстен систем во Македонија за кој е виновна само ова власт зошто е доведен до ова ниво. Да нема доктори, да нема средени болници и амбуланти, да нема доволно платен персонал, да нема функционални апарати, да нема нови и подобри лекови и тн и тн. Но, затоа пак од друга страна власта не осврнувајќи се на овие недостатоци си го промовира зголемувањето на капитациониот бод од 1-ви Ноември.

Со зголемувањето од 15-ет проценти матичните општи лекари ќе добијат 8 денари зголемување, и нова вредност од 63 денари за бод, а со ист процент се зголемуваат и износите кај матичните стоматолози и гинеколози. Пациентите со хронични заболувања повеќе нема да имаат потреба продолжувањето на терапијата да ја бараат од специјалист, туку тоа ќе го сторат кај нивниот матичен лекар. Министерот за здравство вели дека воведувањето на оваа мерка се заснова на словенечкиот модел, кој исто така има за цел рано откривање на одредени болести на примарно здравствено ниво.

Зголемувањето на учинок исто така е предвидено и за специјализираните ординации. Оваа мерка има за цел вработување на трет или четврт член на тимот на матични лекари. Постапката за трансформација на општа во специјализирана ординација е во тек веќе неколку месеци, а не се знае колку лекари од примарната здравствена заштита ги трансформирале нивните ординации.