Бубрезите се два парни органи кои се одговорни за одржување на постојана рамнотежна состојба во организмот, но исто така се одговорни и за отстранување на крајните непотребни продукти од метаболизмот. Секојдневните активности и брзиот начин на живот на многумина од нас не ни дозволува да водиме доволно грижа за нашето здравје, па оттука и бубрезите не се поштедени.

Токму затоа годишно милиони луѓе умираат од болести на бубрезите. Доколку сакате да имате здрави бубрези и да го намалите ризокот од бубрежни воспаленија и инфекции еве неколку совети кои треба да ги практикувате:

Пијте повеќе вода: Не внесувањето на доволно вода во организмот претставува причина за оштетување на бубрезите. Главна задача на бубрезите е да го исфрлаат метаболичкиот отпад, па оттука ако не го хидрирате доволно телото предизвикувате насобирање на отровите.

Полн мочен меур: Многумина имаат навика кога имаат потреба да уринираат, да трпат и после некое време да отидат до тоалет. Ако мочниот меур долго време е полн, тоа може да доведе до различни компликации на уринарниот тракт. Затоа редовно одете до тоалет, не задржувајте.

Не јадете премногу сол: Солта е извор на натриум, кој телото треба да го исфрли. Кога јадете многу солена храна, ги оптоварувате бубрезите да го обработуваат натриумот. Ако ваквата навика трае долго време тоа може да се одрази на работата на бубрезите.