Филипче излегува од изолација, нема коронавирус

Министерството за здравство информира дека и вториот резултат од тестирањето на министерот за здравство,  Венко Филипче е негативен на коронавирус. -Денеска го добив резултатот од мојот втор тест на ковид-19,…

Министерството за здравство информира дека и вториот резултат од тестирањето на министерот за здравство,  Венко Филипче е негативен на коронавирус.

-Денеска го добив резултатот од мојот втор тест на ковид-19, кој исто како и првиот е негативен на вирусот. Со ова, практично, завршува мојата 14-дневна изолација која ја спроведов на сопствена иницијатива и покрај тоа што епидемиолозите не сметаа дека сум во ризик. Во изминатите две недели сите мои работни обврски ги извршував од изолација и одржував редовни онлајн состаноци со Комисијата за заразни болести, лекарите во здравствените установи, колегите во владата и медиумите и се функционираше беспрекорно. Од денеска продолжувам со вообичаениот начин на работа во Министерството за здравство. Продолжувам да управувам со сите активности на министерството и ситуацијата со коронаирусот во земјата. Им благодарам на сите за поддршката, потенцираше министерот Филипче.


Related Articles