Министерот за здравство Венко Филипче за утрово закажа прес-конференција.

Како што информираат од Владата прес-конференцијата ќе започне во 9:45 часот, а министерот ќе информира за состојбата со коронавирусот во земјава.

Филипче вчера истакна дека нема нови случаи на лица позитивни на коронавирус во земјава.

Единствен случај на лице заразено со коронавирисот останува веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје, која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот Ковид-19.

-Пациентката, кај која беше потврден коронавирус се чувствува добро, има лесна клилничка слика и нема посериозни компликации, рече вчера министерот за здравство.

Тој информираше дека 12 лица, од кои две деца, кои биле во контакт со оваа пациентка се во домашна изолација и не смеат да го напуштаат живеалиштето ниту некој да им доаѓа на гости. Тие се здрави, немаат никакви симптоми. Филипче потенцира дека на овие лица храна и вода и други потребни намирници ќе им доставуваат припадници на Црвениот крст.