Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил денеска им препорача на здравствените работници да се чуваат и грижат за себе во овој период на корона вирус.
– Колеги, здравствени работници – не заборавајте да се грижите за себе во овој период. Јадете доволно, одморајте колку можете и останете во контакт со вашите најблиски. Бидете внимателни, чувајте се!, напиша Филипче.