Во текот на денешниот ден со почеток во 17 часот, во простории сместени на Ул: Водњанска се случи отварање на новиот Месен Комитет на ВМРО -ДПМНЕ, МК Клинички Центар и МК Водно.

Присутни беа голем број на членови и доктори, медицински и технички персонал кои дадоа подршка на отварањето, дојдоа да дадат свој допринос во почетокот на ОБНОВАТА НА МАКЕДОНИЈА, со заеднички сили и напори да помогнат максимално во враќање на достоинството кај професијата доктор и обновување на здравствениот систем во Македонија кој во моментот е на самото дно.

На отварањето збор земаа претседателот на ОК Центар, Гане Петров, како и членот на ИК воедно и координатор на сите централни комисии на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска. Со своите мотивирачки изјави посочија дека само сплотени и заеднички може да ги обезбедиме потребните промени во државата, во здравството.

Од тука, од денес стартува работата на терен за една подобра и поубава Македонија, бидејќи ОБНОВАТА НА МАКЕДОНИЈА, само што започна!