Италијанските медиуми објавија дека 22-годишен фудбалер на третолигашот Пианесе е заразен со коронавирус.
Иако не беше објавено никакво име, но се верува дека станува збор за Нигериецот Пол Акпан Удох, кој е единствениот 22-годишник на овој тим и не настапи претходниот викенд. Причината што не бил во тимот е високата треска, а потоа се верува дека станува збор за коронавирусот.
Инфицираниот фудбалер веднаш бил примен во болница, се чувствувал добро и се очекува успешно да се рехабилитира.
Инаку, Италија е во фокусот на овој вирус во Европа и нема да е ни чудо ако уште некој спортист е заразен со коронавирус во наредниот период.