Претставници на Општата болница со проширена дејност од Гевгелија во Солун учествуваа на работен состанок со партнерите кои го имплементираат проектот „Заеднички активности за заштита и унапредување на јавното здравје во прекуграничниот регион“.

Покрај гевгелиската општа болница, во имплементацијата на проектот учествуваат уште општата болница од Килкис, Здравствениот дом од Валандово, Националниот центар за брза помош и Фондацијата за локален развој од Гевгелија која им дава стручна и техничка помош на болницата од Гевгелија и на здравствениот дом од Валандово.

– На состанокот се разговареше за напредокот на активностите, за планирањето и спроведувањето на наредните активности, беше усвоен Акцискиот план за активности во периодот од март до јуни 2020 година, но се разговараше и за можните потешкотии околу реализацијата на активностите поради што беше разгледана и можноста за продолжување од дебет месеци на рокот за реализација на проектот, рекоа од гевгелиската Фондација за локален развој.

Проектот е финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка на Македонија и Грција и до сега со негова помош се направени повеќе реконструктивни зафати во општата болница во Гевгелија и во здравствениот дом во Валандово.