Автобуси на ЈСП во централното градско подрачје се дел од проблемите кои ги идентификуваат граѓаните како причини за загадување во главниот град Скопје.

Еден граѓанин со својот мобилен телефон го регистрирал „исправниот“ автобус кој поминал технички преглед, на еден од семафорите низ Скопје. Автобуската несреќа пред некој ден што се случи ги мотивираше граѓаните на главниот град да започнат повеќе да ги приметуваат ваквите „исправни“ појави по скопските улици и да реагираат на истите.

#СкопјеМораДаДише

15.02.2019 СкопјеЕве уште еден "исправен" автобусшто поминал регистрација и земаллиценца… темпирана бомба која загадува премногу!п.с Инаку автобусот е тотално полн.@WhiteBustard

Gepostet von Скопје мора да дише am Freitag, 15. Februar 2019

Ова е реакција од само еден граѓанин, преку социјалните мрежи но, воедно и апел до сите граѓани на Скопје, приметите ли ваква или слична појава, снимете ја, веднаш пишете ни на социјалните мрежи или пратете ни ја во инбокс, ние ќе ги објавуваме и ќе ги потсетуваме градските власти кои се пропустите во нивното функционирање.

Чистиот воздух треба да биде приоритет број еден за сите граѓани на Скопје, без исклучок!