На пазарот може да се најдат најразлични видови на суплементи кои компаниите ги рекламираат како моќни, чудесни и многу ефикасни за градење на мускулна маса. Сепак, поборниците за здрав живот и нутриционистите предупредуваат дека нема потреба да се посегнува по апчиња или прашоци, кога истиот ефект може да го добиете преку храната. Еве што да вметнете во секојдневното мени за силни мускули:

Спанаќ – Содржи многу антиоксиданси и флавоноиди, што значи дека помага во превенција на ракот на дојките, кожата и јајниците. Има витамин К, калциумот и магнезиумот кои ги зајакнуваат коските. Добар извор е и на витамините А и Ц, за посилен имунитет за време на вежбање и тренинзи.

Брокула – Задолжително да се јаде често. Богата е со многу минерали, витамини, антиоксиданти. Комбинирајте ја со друг зеленчук кој содржи влакна (компир, пченка, кромид) и внимавајте да не ја преварите да не ги изгуби хранливите материи.

Лосос – Изобилува со протеини и омега 3 масни киселини, кои се одлични за градење на мускули. Една студија покажала дека би можел да биде од помош и во забрзување на метаболизмот, со што и резултатите од вежбањето ќе ги забележите многу побрзо.

Јајца – Ги содржат сите клучни аминокиселини, што ги ставаат во редот на најдобрите додатоци во исхраната наменета за раст на мускулната маса. Имаат релативно ниска енергетска вредност (75 калории по јајце), а истовремено ги содржат најквалитетните протеини кои може да се најдат во храната.

Маслиново масло – Истражувањата покажуваат дека маслиновото масло ги контролира воспаленијата во телото, и произведува хормони како супстанци коишто го поддржуваат нивото на тестостерон, и како секој друг извор на масти, маслиновото масло е извор на калории кои што му помагаат на телото да се задржи во активна состојба. Зголемувањето на мускулната маса не е условено со конзумација на сите калории кои што можете да ги внесете во вашиот организам. Всушност, станува збор за конзумација на вистинските калории кои што овозможуваат мускулен раст.

Урда – Урдата обезбедува два различни извори на протеин – сурутка и казеин. Сурутката е најдобро позната по своето својство како брза храна за мускулите после тренинг, додека казеинот е бавноразложувачки вид на протеин, и им помага на вашите мускули дури и кога спиете.