Сите знаеме дека доручекот е најважниот оброк затоа што ни дава енергија за сите активности кои ќе ги правиме во текот на денот.
Луѓето кои одржуваат здрава тежина без диети и одрекувања, заправо за доручек избираат одредени намирници.
Финските научници од VTI Technical Reaserch Centrе ги проучувале навиките за јадење на 147 здрави луѓе со здрава тежина во текот на четири месеци и откриле дека го започнуваат денот вака: 51 проценти од испитаниците за појадок јаделе овошје, 41 проценти од нив консумирале млечни производи, додека 33 проценти избираат житарки.
Иако лебот и пекарските производи се сметаат за извор на непотребни калории, дури 32 проценти од испитаниците го започнуваат својот ден со овој вид храна.
Само 26 проценти од испитаниците признале дека со доручекот пиеле кафе, додека останатите (74 проценти) оделе на работа и ги извршувале обврските без помош на кофеин.
– Наместо да ја ограничуваме исхраната и да ја избегнуваме нашата омилена храна, дебелината може да се спречи ако научиме да го слушаме својот организам, и да дадеме приоритет на квалитетот, а не на количината на оброци – вели авторката за истражување, Ана-Лена Вуоринен.