Иако повеќето од нас веќе долго ја користат, секогаш останува енигма дали е навистина безбедно да ја подготвувате храната во микробранова печка – дали загревањето или подготвувањето на храна во неа е навистина здраво?
Експертите од Харвард тврдат дека е здраво, но не е се така едноставно. Имено, иако топлината која во бранови ја грее храната не е опасна сама по себе, некои видови на храна повеќето хранливи материи ќе ги задржат со вообичаеното готвење.
Од друга стана, за готвењето во микробранова печка особено е погодна онаа храна која ќе задржи повеќе хранливи супстанци ако се приготвува пократко и со што помалку течности. На пример, зеленчукот кој содржи многу витамин Ц е подобро да го подготвувате во неа.
Експертите според тоа заклучуваат дека не само што не треба да се плашите од храната од микробранова туку и во одредени случаи таа може да биде дури и поздрава.