И вечерва мерните станици покажуваат над-нормално загадување во неколку градови.
Најзагадено вечерва е во Битола, каде мерните станици покажуваат екстремна загаденост до 360 микрограми на метар кубен ПМ10.
Втор најзагаден град е Тетово со 138 микрограми на метар кубен ПМ10, потоа Кочани со 119, Ректорат со 90, Центар со 84 микрограми на метар кубен ПМ10 и Струмица со 73.