Ситуацијата со корона вирусот се влошува единствено во Македонија! Македонија е на врвот, ама по број на новоинфицирани во едно деноноќие, по број на починати од корона вирусот, истакна на денешната прес-конференција во ВМРО-ДПМНЕ д-р. Боро Илиевски.
во продолжение интегрален текст од пред-конференцијата на Илиевски
Се е јасно – ова е резултат на неспособноста на надлежните и владејачката структура да воспостави соодветен систем за заштита на здравјето на граѓаните.
Заев има една цел, а тоа е да ги реализира своите интереси и интересите на тесен круг на луѓе. Заев покажа, а и докажа дека здравјето на граѓаните ниту му е приоритет, ниту го интересира. Тој зборува само за избори и тера кампања.
Раководството на неговата партија или е инфицирано или е во самоизолација или изолација.
Но, и тоа не го интересира Заев, тој си зборува за избори!
Владејачката СДСМ станува носител на Ковид 19 во државава. Заев наместо да ги става институциите под закрила како што е тоа случај со Комисијата за заразни болести, треба да помисли прво на здравјето на граѓаните. Ситуацијата е алармантна. Македонија го доживува вториот пик на корона вирусот најавуван и претпоставуван за есенва.
Филипче нема контрола врз ситуацијата. Мора итно да се делува во насока на поголема заштита на здравјето на граѓаните.