Со објавување на случаи за наводна кражба и трговија со бебиња, Илија Јовановиќ, претседателот на здружението Градиме иднина од Скопје, го објави почетокот на проектот со работен наслов „И ти имаш право да ги запознаеш твоите биолошки родители“. Во дописот до МКД.мк и во телефонскиот разговор Јавановиќ вели дека овие случаи ги истражувал 40 години и дека е време да се отвори Пандорината кутија. За обвинувањата вели дека има докази и изјави од родители, но и дека соработува со обвинителството за нивно решавање. Јовановиќ тврди дека за 40 години на мајки им се одземени повеќе од 45 до 50 новороденчиња, по кои уште се трага.
Во продолжение ги пренесуваме случаите што со јавноста ги сподели Илија Јовановиќ, претседателот на здружението Градиме иднина од Скопје:
Мајка родила бебе во 1980 година и трага повеќе од 32 години по своето машко дете, кое го роди, здраво живо родено. Мајката додека била во болница не ѝ го носеле да го дои во собата на родилката, сестрите им кажувале да доаѓаат во други соби да ги дојат нивните бебиња. Мајките ги доеле своите бебиња на секои 4 часа. Мајката требаше за 4 дена да си замине со бебето дома, пред да си замине мајката дома сестрата ѝ рекла покасно да дојде да го дои бебето и од тука веќе му се губи трага на здраво машко дете. Друга жена ја застанала мајката и ѝ рекла дека рано утрото е изнесено и му е дадено машко бебе на друго лице, доктор од Охрид што немал дете, на 40 годишна возраст. Педијатарот ѝ рекол на мајката дека бебето престанало да дише, снемало боја. Ја известиле мајката дека докторите дале сѐ од себе да го спасат бебето, за жал тоа починало. Докторите од Државна болница ја известиле дека бебето било однесено на обдукција. Ова семејство не добило ниту отпусна листа, никаков извештај од направена обдукција, умреница исто не добиле, ни картон од бебето што било родено, Ова семејство живее во Канада.
1994 година: семејство од Богданци до денес не може да се помират со тоа што близначки што биле евидентирани како починати во Болница, едната ја завеле дека била почината, а за другата ќерка до ден денес нема никаков документ дека е почината. Освен спроводници што ги имаат како доказ, други документи не поседуваат. Бременоста ѝ била во најдобар ред, но при породувањето докторот го известил таткото дека едното бебе, кое било девојче, е полумртво, и не ѝ дозволиле тој период на мајката да ги гледа двете близначки. Мајката потврдува дека кога родила две здрави девојчиња, слушала плач на две женски бебиња во болницата. Докторите не му дозволиле на таткото на родилката да влезе во болница и му рекле до вратата само може да дојдеш.
Украдено бебе на мајка од Македонија, сега живее надвор од Македонија.
Во 1986 година се породила во Државна, родила здраво машко бебе. Додека била во болница насилно ја породиле порано со повеќе инјекции. Водењакот насилно ѝ го пукнале, се мачела повеќе од 15 часа да се породи и по 2 часа докторот ја известил дека бебето починало. Мајката ја напуштила болницата без отпусна листа, во болницата биле само нејзините родители и родителите од сопругот. Во овој скандал биле вмешани роднини од семејството, кои го подготвиле планот за киднапирање и крадење на новороденчето. Блиските роднини ова го премолчувале 25 години бидејќи биле дебело платени со голема сума пари. Ова дете сега се наоѓа надвор од Македонија.
На брачен пар од К. Паланка украдено им е бебе, во Скопје го однеле бебето и ги известиле дека таму било починато. Оваа семејство нема никаков документ дека била направено обдукција и дека е починато. Семејство од Струмица: родила близнаци, но нема документи за тоа, тие биле во инкубатори и починале.
На семејство од Скопје му се родило здраво бебе, живеело само 15 часа. Потоа докторите ги известиле дека наводно бебето почнало да помодрува и починало од бронхопневмонија. Во сите 9 месеци бебето било добро и напредувало. Ова семејство нема добиено никакви документи за констатирана смрт, направена обдукција. Само усно биле известени.
Семејство од Битола: украдено им е бебе од турско семејство, нивното дете сега се наоѓа во Крива Паланка, ова го потврдуваат биолошките родители. Семејството не добило отпусно писмо, умреница. Во овој случај е вмешана докторката која е од Крива Паланка.
Семејство од Битола: родила бебе, а никаде го нема, ниту има документи како отпусно писмо, умреница, обдукциски наод…
Семејство од Струга: мајка била во 9-ти месец со одлична бременост, носела машко бебе, детето било пратено на интензивна нега, зашто докторите констатирале дека не било добро со срцето. По една недела докторите го известиле семејството дека бебето починало. Бебето до ден денес не е најдено.
Мајка од Велес се породила во Скопје, целата бременост се одвивала добро. Се породила со царски рез и донела на овој свет машко дете. Детето го нема видено и не ѝ го дале кога ја напуштила болницата.
Албанско семејство од Куманово: мајката цели 9 месеци била со добра бременост, родила машки близнаци, едното бебе им го дале, а за другото ги известиле дека било починато и никакви документи немаат добиено од обдукција и други медицински документи.
Мајка од Скопје се породила во 1985 година, во Скопје, добра бременост, родила здраво женско бебе, а докторот ѝ рекол дека бебето мора да се стави во инкубатор.
Докторот дошол по неколку часа и ѝ рекол дека сте здрави и живи вие, ти си млада ќе си родиш друго дете, ова не го бидна, односно не преживеа. Кога си отишла дома, на мајката ѝ дошле две бабици да го видат бебето, па вели дека ѝ е сомнително.