Доколку кривата со нови случаи продолжи со ова темпо во наредните денови, вкупниот број на заразени од Ковид-19 кај нас ќе ги надмине првичните прогнози на здравствените установи, оценува во изјава за „Алсат“, специјалистот за инфективни болести Фадил Цана.
Тој вели дека олеснувањето на рестриктивните мерки и не земајќи ја предвид препораката на Комисијата за заразни болести, за целосен карантин за време на викендот, претставува потенцијален ризик дека во наредните денови бројот на нови случаи ќе биде поголем.
-Она што се гледа во последните денови има тенденција да се зголемува, наместо да се намалува. Она што се гледа во земјите од регионот е дека имаме постепен пад на кривата, додека во нашиот случај имаме варијација. Мислам дека тоа може да се должи на недостигот на навремено откривање на случаите, нетестирање на потенцијални жаришта, потенцијали кои се откриваат во последните денови во различни региони, како на пример, во Тетово, во некои рурални општини во околината на Скопје, како што е Сарај. Втората причина, што мислам дека е причината за зголемувањето на оваа крива е дневната тактика, политичкиот пазар, не носењето на рестриктивни мерки како што треба во овие околности, за да има помалку случаи. Минатата недела бевме сведоци на неколку потези кои не беа во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Јас би рекол дека тие повеќе беа одлуки за дневна политика, рече тој.
На својот Фејсбук профил тој напиша:
“Одлуката за речиси целосно олабавување на мерките, освен за лична заштита, ја носат во период кога во изминативе десет дена бројката на заразени се движи меѓу 16 и 40 или во просек 27,5 заболени, што споредено со периодот кога првпат беше воведен полицискиот час (од 21.03 до 30.03) бројките на заболени се двиежа од 9 до 30 или во просек 21,3 заболени”.