Доктор Ирена Алексиоска Папестиев е новиот директор на Клиниката за гинекологија и акушерство.
Таа завршила Медицински факултет на УКИМ во 2006 година, како најдобар студент на генерација со просек 9,7 за што добива награда од УКИМ и македонското Лекарско друштво.
Специјализација по гинекологија и акушерство завршува во 2012 година на Клиниката за гинекологија и акушерство на која има долгогодишно работно искуство од 2007 година.
Во текот на своето образование има бројни престои за стручно усовршување во реномирани центри во Велика Британија, Израел, Швајцарија, и Хрватска.
Паралелно со стручното усовршување има и академска кариера на Медицинскиот факултет при УКИМ каде ги поминува сите степени на академско унапредување од асистент, доцент, а моментално е избрана за професор.
Член е на повеќе стручни меѓународни здруженија преку кои има одржано повеќе стручни предавања од актуелните теми од гинекологијата на разни домашни и меѓународни конгреси, симпозиуми и стручни конференции.
Во целиот тек на своето работно искуство е докажана како професионалец, почитуван од пациенти и колеги, со истакнати организациски способности. Автор е на бројни научни публикации и коавтор на повеќе академски учебници.