Поради доцнење и технички дефекти на амбулантните возила, Итната медицинска помош во Македонија е неефикасна, и наместо да нуди брза медицинска интервенција, во некои екстремни случаи и предизвикала губење на животи на граѓани, посочуват од порталб.мк

Техничките доцнења се настанати како последица на не амортизираните возила, а пак условите за нивно одржување не се предвидени ниту со Законот за здравствена заштита, ниту пак со Правилникот за работа на Итна медицинска помош.

Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство немаат никакви информации, но само во медиумите фигурираат три случаи кога амбулантните возила претрпеле дефекти, и не успеале да интервенираат на време. Како резултат на тоа, имало и губење на животи.

„Ние таквите случаи не ги евидентираме како црна хроника. Веруваме дека Министерството за здравство треба да ги евидентира таквите информации“, велат од МВР.

Такви информации нема ниту Министерството за здравство. Последниот случај се случи на 24 август 2018 година, каде што во една сообраќајна несреќа, неколку километри пред Тетово, амбулантното возило на Итна медицинска помош пристигнало со технички дефекти, и за да се стави во движење луѓето го туркале возилото.

Итна медицинска помош е предвидена во Законот за здравствена заштита. Со законот е предвидена само услугата, но не и условите за обезбедување на добра состојба на амбулантни возила. Според она што го вели законот, начинот на работа Итна медицинска помош е предвиден со Правилник за организацијата и начинот на вршење на работата на Итната медицинска помош, што се усвојува од министерот за здравство.

Граѓаните бараат Итната медицинска помош да биде поефикасна со соодветни возила, како и тоа
Министерството за здравство да го измени Правилникот за работа за да ги утврди условите кога е потребна промена и сервисирање на едно амбулантно возило.