Според последните анализи на Центарот за јавно здравје од Охрид, водата на Охридското езеро е во најголем дел од прва категорија со исклучок на неколку локации каде е од втора.
- Очекуваме во овој период во јуни кога ќе започне поголема концентрација на туристи, кога ќе дојде и до оптеретување на колекторскиот систем и оптеретување на самите реки кои се влеваат, очекуваме дека ќе има одредено отстапување на квалитетот на водата, но не подолу од трета класа посебно кај реките, рече Сашо Точков Центар за јавно здравје од Охрид.
Инаку, на неколку локации особено на северозападниот дел од езерото, понекогаш состојбата е покритична во однос на квалитетот на водата и тој се влошува кога пумпните станици на колекторскиот систем, поради старост, не работат со полн капацитет.