Јадете сардини почесто, ако сакате да ослабете и да го регулирате шеќерот – но ова не е сè!
Во продолжение на текстот прочитајте зошто е добро да се јадат сардините и да ги вклучите во вашето мени, барем еднаш седмично.
Оваа намирница содржи толку добри материи кои ќе ве заштитат од голем број болести, вклучително депресија и болести на срцето.
Сардините за повеќето луѓе не се баш највкусната храна. Секако, за вкусовите не треба да се зборува, но кога ќе прочитате поради што е добро да се јаде сардина, ќе сфатите дека малку „жртвување“ не е ништо во однос на дури 18% предности кои оваа намирница ги нуди.
Сардината е исклучително богата со протеини
Пакување од 80 г сардина содржи дури 23 грама протеини! Имајте во предвид дека препорачаната дневна доза изнесува од 24 до 28 грама од оваа значајна материја.
Помага во лекување на воспаленија и го намалува ризикот од појава на болести.
Сардините се одличен извор EPA и DHA, две масни киселини за кои науката потврдила дека лекуваат воспаленија. Бидејќи коренот на повеќето болести е токму некое воспаление, сардините ќе ви помогнат во спречувањето на различни заболувања.
Богатство на клучни витамини и минерали
Оваа намирница е одличен извор на витамините Б12, Д, калциум и селен. Витаминот Б12 е особено важен, а студиите покажаа дека дури 40% од луѓето патат он негов дефицит.
Го чува здравјето на коските
Поради вискиот процент на калциум кој го содржат сардините, тие обично се препорачуваат за исхрана кај пациенти кои боледуваат од остеопороза или каков било проблем поврзан со коските. Во 50 г сардина се содржат неверојатни 217 мг калциум!
Помага во лекување на депресија и анксиозност
Сардините во себе содржат големо количество на омега 3 масни киселини, а новите научни откритија укажуваат дека постои силна врска помеѓу оваа супстанција и неподложноста на депресија.
Се регулира шеќерот во крвта
Протеините и здравите масти од сардините се совршена комбинација која ја успорува апсорпцијата на шеќерот во крвта.
Го намалува апетитот
Кога ќе изедете сардина за оброк, толку ќе ве засити што нема да чувствувате потреба за храна и непотребни грицкалки уште неколку часови после тоа. Тоа воедно ќе ви помогне да ослабете.
Сардината е една од најмалку загадените риби
Сардините не содржат жива и други метали, како и купишта токсини кои можат да се најдат во туната и сабјарките на пример.
Не влијаат лошо врз животната средина
Овие ситни риби се наоѓаат практично на самиот крај од синџирот на исхрана, бидејќи се хранат со планктони.
Здравје на срцето
Со редовен внес на доволна количина на омега 3 масни киселини од риба како што е сардината, вие го штитите вашето срце, бидејќи го намалува холестеролот и крвниот притисок, а со самото тоа спречува појава на крвни грутчиња.
Моќен борец против ракот
Истражувањата покажаа дека доволен внес на калциум и витамин Д може доста да помогне во спречување на неколку видови рак.
Силен антиоксидант
Сардините содржат селен, минерал кој помага во неутрализирување на слободните радикали, а со тоа се спречува оштетувањето на внатрешните органи.
Го подобрува имунитетот
Со честа консумација на сардините можете да изградите силен имунитет – науката покажала дека рибиното масло од сардините влијае врз зголемување на бројот на клетките кои се клучни за добар имуните.
Одлична за кожата
Масните киселини од сардините играат голема улога за здравјето на кожата. Тие ги ублажуваат воспалителните процеси на кожата и даваат здрав сјај.
Се регулира инсулинската резистенција
Инсулинската резистенција е една од најчестите причини за дијабетес, практично состојба пред дијабетес. Сардините можат значајно да ви помогнат да го ослободите телото од оваа опасна состојба.
Го намалува интензитетот на слабеењето на видот
Добра вест за сите оние кои се ближат кон 50-тата – сардините можат да ви помогнат да го спречите губитокот и слабеењето на видот.
Го чува здравјето на мозокот
Маслото и масните киселини од рибата се одлични за мозокот. Тоа можеби е и логично, бидејќи самиот мозок е составен од 60% масти.
Богатство на бакар
Сардините се пребогати со бакар, минерал кој е клучен за создавање на енергија од јаглени хидрати складирани во клетките.