Таа е соодветна храна после тренингот
За време на студените месеци, тиква е идеална за консумирање. Со неа сакаме да правиме слатки, супи, пијалаци, здрави грицки. Тиквата прекрасно се комбинира со зеленчук и месо. Покрај нашите омилени јадења, соодветна е и кога сакаме да намалиме од нашата тежина. Ако сè уште не сте користеле тиква за слабеење, видете зошто треба да го сторите тоа.
Има малку калории
Основата за губење на вишокот килограми е да имаме дефицит на калории, или накусо – треба да трошиме повеќе калории отколку што внесуваме. Тиквата е одлично решение, затоа што во 100 грама печена тиква, без додадена сол, мед или шеќер, има само 20 калории.
Во зависност од тоа како ја подготвувате и комбинирате со друга храна, таа е одлична основа за вашата здрава исхрана.
Голем број на растителни влакна
Кога сакаме да изгубиме тежина и да одржиме оптимални килограми, многу е важно варење на храната во желудникот да биде добро. Затоа, нашиот дигестивен систем има потреба од влакна секој ден. Редовното консумирање тиква ни овозможува растителни влакна. Во 100 грама се содржат околу 1,10 грама влакна, што ни помага да се чувствуваме полни (исто така помага при запек) и со тоа да ја контролираме нашата глад.
Соодветна храна после вежбање
Знаеме дека по спортот, нашето тело треба да се опорави не само со одмор, туку и со добра храна. Тиквата содржи добри количини калиум, што е важно за процесот на закрепнување, но и магнезиум, витамини А и Ц, фосфор, калциум, кои исто така ни помагаат да бидеме во добра форма за следното вежбање.
За силен имунитет
За време на зимскиот период, нашето тело е изложено на вируси и инфекции, нашето тело работи во различен режим кога станува збор за согорување на калории. Затоа мораме многу внимателно да избереме каквахрана ќе консумираме.
Консумирањето на тиква, од друга страна, ни помага да одржуваме добар имунитет, благодарение на витаминот Ц и бета-каротин и ефикасно да изгубиме килограми.
За добро расположение и помалку стрес
Кога започнувате со диета, првите денови од новиот режим ан исхрана се вистински предизвик. Јадеме сè, чувствуваме тензија, понекогаш ни е тешко да одржуваме добро расположение. Друга причина да јадете тиква кога сте на диета е тоа што содржи триптофан. Тоа е аминокиселина која се смета за природен засилувач на расположението што исто така се бори против стресот. А доброто расположение е клучно за губење на тежината.